Со обновувањето на санитарните јазли завршуваат подготовките во средното општинско училиште „Дрита“ во Кичево кое наскоро ќе ги смени и внатрешните врати, за целоснаподготвеност при евентуален почеток на наставата во ова училиште со физичко присуство.

-Во ОСУ „Дрита“ Кичево со помош на донатори беше извршено целосно реновирање на санитарниот јазол на приземјето. Овој проект изнесуваше 7.500 евра, од кои 70 отсто ги покриваше ресторанот „Шќипоња“ од село Аранѓел, вели директорот Фестим Ахмети.

Други донатори беа Општина Кичево потоа неколку други кичевски фирми како и Ј.К.П. „Комуналец” од Кичево.

-Подобрувањето на условите во нашето училиште ќе продолжи уште од еден анонимен донатор со вредност од 2.000 евра, кој ќе инвестира во замена на вратите. Замена на сите врати чини околу 4.200 евра. Секој кој смета дека оваа иницијатива треба да биде поддржана, а при тоа има можност, може да ни се приклучи за да ја заокружиме и оваа иницијатива , додаде Ахмети.