Во демирхисарското село Бабино се одржа работилница фокусирана за „Споделување на атракциите од прекуграничните региони со туристите – придобивки за локалните заедници во Клос и Демир Хисар“.
Заедничката активност е во рамки на прекуграничниот проект „Откривање на скриените атракции“, информираа од Општина Демир Хисар и членови на организацијата „Арт Поинт – Гумно“, ко-апликант во проектот.
-Со оваа креативна работилница, се поттикнува туристичката понуда во прекуграничните региони и се дава пример за одржливост на туристичките дестинации, како да се имплементираат практиките во заштитата на животната средина, во заштитата на традицијата и културното наследство, истакна градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојаноски.
Учесниците на работилницата, во неколку работни сесии, програмирани од невладината организација „Арт Поинт – Гумно“ беа информирани за руралниот туризам и семејните бизниси како шанса за развој на туризмот, создавање искуства и туристички производи во руралните области.