Општина Берово ќе субвенционира стерилизација на 30 регистрирани кучиња женки. Субвенционирањето како што информираат од Општината ќе се реализира со средства од општинскиот буџет.
-Целта на активноста е да се намали неконтролираното зголемување на оваа популација и да се намали бројот на улични кучиња, за што општината годинава целосно ќе ги покрие трошоците за стерилизација на 30 кучиња женки, информираа од општината.
Активноста, како што додадоа надлежните ќе се реализира согласно одлуката на Советот на општина Берово.
-Советниците ја поддржаа оваа одлука која е согласно правилникот за критериумите и постапката за субвенционирање на трошоците за нивна стерилизација. Во таа насока апелираме сопствениците да ги стерилизираат своите домашни миленици, за да се избегнат несакани последици, додадоа надлежните.
За реализација на активноста, наскоро ќе биде објавен јавен повик кој ќе се реализира по принципот „Прв дојден, прв услужен”.