Поради дефект на главен вентил на водоводна линија, денеска прекин во водоснабдувањето до 15 часот ќе има во населбата ,,Бел камен" во Кавадарци, известија од кавадаречкото јавно претпријатие ,,Комуналец".

Оттаму побараа трпение и разбирање од жителите кои живеат во тој дел на градот Кавадарци.