Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 34-годишно лице поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– Наркотичната дрога марихуана, со количина од 45 грама, кај осомничениот била пронајдена на 15.9.2020 година, при вршење рутинска контрола од полициски службеници кај наплатната рамка во близина на село Желино, соопштија денеска од ЈО на Република Северна Македонија.

Јавен обвинител кој постапува во предметот, со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, до надлежен суд доставил предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Судот со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​


Администратор
17/09/2020 15:37