Бизнисменот и претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево бил брутално нападнат и претепан.
Неофицијално тој бил пресретнат и брутално нападнат пред својот дом на пат кон својата викендичка од непозната група на сторители. Преку објави на својот Фејсбук тој со јавноста сподели низа на доверливи информации, почнувајќи со аферата Атлантик во која масовно се следеле и прислушкувале опозициски претставници и активисти кои се бореа против промената на името, а потоа ја објави и вистината за како што вели тој за случајот „27 април“.