Скандалозна, нелогична и непромислена е одлуката на Владата да го прекине продолженото породилно остуство во услови кога во градинките нема ни слободни места, ниту капацитет да се примат децата - ова е коментарот на најголем дел од мајките на протестот против продолженото породилно отсуство. Бараат и очекуваат итна промена на одлуката.
-Здравјето на децата е најважно и Владата треба да одлучи што е приоритетно. Утре е петок, ние за три дена треба да најдеме градинка во која ќе ги запишеме децата. Многу родители не ги запишаа своите деца во градинка, дали ќе најдат место и како ќе се организираат за толку кратко време, а многу работодавачи веќе им се јавуваат на вработените да почнат на работа во среда, вели за Алфа, Габриела Гогова, родител.
Дел од мајките веќе добиле и документи дека децата им се одбиени од градинка, затоа што повеќе немало место. Ова ни го раскажа мајка на 8,5 месечно бебе. Сакаше да остане анонимна, но рече има и документ офоцијален дека детето и е одбиено.
-Сега или јас ќе дадам отказ или ќе ме избркаат од работа, трето нема, вели таа.