Краткиот игран филм „Малечка“ во режија на Ана Андонова вечер ќе има премиера во Тетово на отворено во дворот на Музејот на Комунистичката партија на Македонија. Филмот е снимен минатата година и требаше премиерно да се прикаже пролетва но поради коронавирусот премиерата се прави сега.

-Поради ситуацијата премиерата е на отворено и ќе има две проекции од 19.30 и од 20.30 и ќе има и трета се со цел да не бидат многу луѓе блиску на едно место. Влезниците се бесплатни но и задолжителни да има доволно растојание меѓу сите. Ќе има мерење на температура, дезинфекција и задолжително носење на маски, најави младата режисерка.

Филмот трае 24 минути и е во категоријата кратки играни филмови.

–Во филмот учествуваат 6 актери и над 50 статисти. Главните улоги ги имаат Мартина Стерјоска, Марко Богданоски, десет годишната Меланија Серафимовска и девет годишната Мила Ефкоска. Филмот е сниман на повеќе локации во село Туденце, а се зборува за една свадба и еден несакан брак, за помалечката сестра на невестата која најмногу се противи на тој брак и за нејзината пријателка, мало девојче од селото кое никој не го сака, вели Ана.

Филмот „Малечка “учествуваше на Младински филмски фестивал во Скопје.