Руското оружје е пред странските модели и според некои карактеристики е единствено, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој го пофали успехот на руските производители на оружје на седницата на комисијата за воена индустрија.

– Според некои карактеристики, на нашето оружје му нема рамно во светот, тоа е апсолутно очигледно, истакна Путин.

Путин на сите вработени во одбранбениот сектор им го честиташе Денот на производителите на руско оружје, кој се одбележува на 19 септември.


Администратор
18/09/2020 22:44