Во Москва деновиве излезе од печат романот „Дива лига“ на Влада Урошевиќ. Руската книга е насловена „Бараjте го гавранот!“.
Тоа е четврто дело од македонски автор обjавено во превод на руски од Олга Панкина во рамките на проектот „Сто словенски романи“.
Проектот го реализира Форумот на словенските култури со цел зближување на словенските народи.
Издавач на книгата е „Центар за книга Рудомино“. Овој реномиран руски издавач ја обезбедува натамошната дистрибуција на книгата на големото руско јазично подрачје.
Творештвото на Влада Урошевиќ им е познато на руските читатели благодарение на преведените од Олга Панкина на руски романи „Невестата на змеjот„ и „Маџун„, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други, како и на поетската збирка „Пеач во кулата»“за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби високата руска награда „Златен витез“.