Од доцна синојќа во јавноста се појавија информации дека засилено полициско обезбедување е лоцирано покрај домот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска како превенција од евентуално бегање откако Врховниот суд ја потврди казната во случајот „Тенк“.

Преку нејзиниот фејсбук профил, реагираше и Јанкуловска:

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, напиша Јанкулоска.