Во организација на Полициското одделение од општа надлежност и Општината, во Македонска Каменица започна едукативна акција за превенција и спречување на пожари.

Акцијата, како што иформираа организаторите, се реализира во соработка со МЗШВ, Шумска полиција и ТППЕ Македонска Каменица, а нејзина цел е едукација на граѓаните за совесно однесување во шума и отворен простор.

– Во рамки на акцијата од страна на ПООН Македонска Каменица, ТППЕ и МЗШВ Шумска Полиција – Македонска Каменица флаери, постери и прирачници ќе бидат поделени и поставени на повеќе видни и фреквентни места, како во урбаната, така и во руралните средини од општина Македонска Каменица, истакнаа организаторите.

Надлежните апелираа до граѓаните и земјоделците да не палат оган на отворено, но и да не оставаат лесно запаливи материјали на небезбеден простор каде можат да предизвикаат пожари.

-За таа цел преку едукативната акција се нудат начини на безбедно дислоцирање на градинарски и полски отпад без негово горење на отворен простор, што претставува дополнителна опасност за предизвикување пожар особено во есенскиот период, додадоа надлежните.

Во Македонска Каменица во 2020 година регистрирани се 10 интервенции на пожари со опожарена површина од 75 декари. Последниот се случи пред само неколку дена во атарот на село Дулица.