Писмата што шефот на државата и премиерот ги испратија до вселенската патријаршија се обид да се одвлече вниманието на јавноста од клучните прашања што сега се прекршуваат во државата, смета аналитичарот и универзитетски професор Владимир Божиновски. Тоа значи да се дефокусира јавноста од бугарските уцени и од владиниот план за вработување во приватниот сектор по етничка линија што најдиректно го најави Артан Груби.
-Целата таа преписка е обид да се направи дефокус од типот на прашања на меморандумот што го испрати Софија, од барањата на главниот коалиционен партнер па и на помалиот коалиционен партнер Беса за некаква етничка регулација во приватниот сектор што е формално незамислива и едноставно ако таква некоја работа се примени ќе ја уништи кревката економија во Македонија, вели Божиновски за Алфа.
Зошто во писмото на Пендаровски никаде не се споменува името на државата, ниту пак на луѓето кои живеат во неа, Божиновски вели дека власта сама на себе си прави автоцензура.
-Доколку сметаш дека си направил успех со тоа што си го променил името барем употребувај го тоа официјално име кое го користи збортот Македонија. Вака сега се доведуваат до состојба на автоцензура, додаде Божиновски.