Изложбата на бронзени скулптури – лавови излиени во најразлични форми и творечки израз на академскиот скулптор Димитар Филиповски ќе биде отворена од денеска до 2 октомври во Порта Македонија.

Влезот за изложбата е бесплатен, а посетителите ќе мора да ги почитуваат безбедносните протоколи и препораките кои државата и здравствените институции ги предвиделе, како што се носење на заштита маска, дезинфекција и индивидуална посета без групирање.

Ова е втора самостојна изложба на Филиповски. Таа е во организација на Центарот за промоција на култура, а е поддржана од страна на Министерството за култура со годишната програма за 2020 година.