Судењето по тужбата за клевета што ја поднесе премиерот Зоран Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е одложено за 20 ноември.

На денешното рочиште не се појави премиерот Заев, а како застапник на тужбентото барање дојде негов адвокат.

Николовски, пак, оцени дека тужбата е апсурдна и кажа дека досега нема пример каде премиер и лидер на владејачка партија тужи потретседател на опозициска партија. Николоски бара Заев како тужител да биде повикан и да даде исказ во судот.

- Она што исто така е забележително и во претходниот и во овој случај е дека, како што не се појави Вице Заев на рочиштето на кое ме тужеше за клевета, на ист начин денес Зоран Заев не се појави на рочиштето на коешто ме тужи за клевета, напротив избра да испрати адвокат од најскапата адвокатска канцеларија во Македонија, а јас еве повторно решавам да се бранам сам затоа што веројатно онаму каде што е вистината нема потреба од адвокати, а онаму каде што не е вистината има потреба од скапи адвокати. Благодарам и се надевам дека во овој судски процес ќе ја докажам вистинитоста на мојата изјава, заклучи Николоски.

Заев го тужи Николовски за изјава дадена во август лани во контекст на случајот „Рекет“ во која го обвинува дека е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра. Заев како отштета бара 60.000 денари