Атиџе Муратовска, главната протагонистка на македонскиот докумантарен филм „Медена земја“ што беше номиниран за два оскара, го привлече вниманието на оние што денеска дојдоа да го посетат Фестивалот на мед во Скопје.

Фестивалот се одржува на улица „Македонија“, а Атиџе, која скромно дојде на отворањето, побуди голем интерес кај присутните.

Но во еден момент на Атиџе Муратовска и се слоши по што беше повикана брзата помош да ја прегледа.

Атиџе ја изгуби свеста додека траеа говорите на претседателот на пчеларското здружение „Матица“, Венче Билбиловски, кое е и организатор на манифестацијата, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.