Видео во кое се гледа како полициски службеници брутално претепуваат човек на улица, за кој се тврди дека е ром, е објавено од страна на граѓанската иницијатива за застапување на правата на ромите.

- РОМИТЕ НЕ СЕ ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД! #МожетеПовеќеМожетеПолошо Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска збруталност врз лица од ромската етничка заедница. Бараме секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите. Зоран Заев, Бојан МАричиќ, Оливер спасовски ВЕТИВТЕ ДЕКА ПРАВДА ЌЕ ИМА? ВАКА ЛИ ИЗГЛЕДА ПРАВДАТА? Венко Филипче дo каде е истрагата за смрта на родилката од Шуто Оризари, дали воопшто случајот се истражува? ДО КОГА РОМИТЕ ЌЕ БИДАТ ЖРТВИ НА СИСТЕМОТ! ВРЕМЕ E РОМИТЕ ДА ГО КРЕНАТ СВОЈОТ ГЛАС!, стои во фејсбук статусот на Аваја.

Од МВР пак во соопштение до медиумите информираа дека полицајците се идентификувани и дека се превземаат соодветни мерки.