Два и пол месеци по одржувањето на изборите, рекламите на политичките партии залепени на улиците низ градот и селата во Кичево се уште не се отстранети, иако законски предвидениот рок од 30 дена по избори, одамна е поминат.
Надлежностите за поставување и отстранување реклами ги имаат самите политички партии. По истекот на рокот за нивно отстранување, 30 дена по избори, организаторите на изборните кампањи треба да бидат казнети.
Во Кичево рекламите останаа истакнати на јавни места и на електрични столбови дури среде старата градска чаршија на улица „Маршал Тито“.
Во Изборниот законик, член 79, стои дека организаторот на изборната кампања е должен да ги отстрани поставените реклами 30 дена по одржувањето на изборите. Глоба од 500 до 2000 евра за сторената повреда ќе му се изрече на организаторот на изборната кампања, доколку не ги отстрани приложените реклами, во рокот предвиден во член 79 алинеја 2 од овој законик“, стои во членот 185 од Изборниот законик.