Валандовскиот градоначалник, Перо Костадинов, денеска оствари работна средба со координаторката на граѓанското здружение ,,Борка-за секој нов ден на Валандово,, Марија Маринковиќ,на која се договорија деталите за најголемата трка и прошетка во Европа, чија цел е да ги подржи пациентките со рак на дојка.
На средбата беше истакнато дека станува збор за најголемиот настан во Европа, посветен на здравјето на жените, кој има цел да им помага на организациите и болниците за рак на дојка да обезбедат повеќе средства и да ја подигнат свеста кај пациентите за оваа болест со висок процент на застапеност.
На средбата беше посочено дека со 500.000 нови дијагностицирања и 130.000 пациенти кои секоја година умираат од рак на дојка во Европа, средствата што се собираат,сега повеќе од било кога,се од клучно значење.
Валандово ќе биде дел од настанот на 27 септември, во паркот ,,Пеонија,, во центарот на градот, со почеток во 11 часот.