АМСМ денеска ќе организира конференција по повод промоцијата на обележувањето на паркинг местата за проектот „Car Space Baby Place – Безбедни семејни зони“.
На конференцијата ќе учествуваат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов, директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, деканот на Факултетот за безбедност, проф.д-р Никола Дујовски и генералниот секретар на АМСМ, Димитар Миновски.