Здружението на граѓани Еко Логик во соработка со ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци”, во рамките на предвидените активности на проектот „Smile and Play”, кој е финансиран од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност денеска ќе организира мултипликаторен настан по повод промовирање на интелектуална физичка и дигитална друштвена игра. Настанот ќе се одржи во две работни сесии со по 25 засебни учесници во секоја.

Од Здружението информираат дека целта на настанот е споделување на поставените цели на проектот, како и реализираните активности, но секако и тестирање на двете верзии на играта (физичка форма и дигитална форма), од страна на ученици, како и учесници на настанот. Велат дека фокусот е на оние учесници кои се поврзани со настава на англиски јазик, но и други јазици, како и едукатори од лингвистички категории.

– Земајќи ги предвид целите и фокусот на проектот како изучување на Англискиот јазик како странски јазик, преку методи на игра кои промовираат велосипедизам, на настанот се очекува да се развие дискусија околу истото, односно споделување мислења околу услови во кои би се употребувала играта, како и предности од тоа, велат од Здружението во најавата за настанот.