На првиот ден откако поголем број на корисници се логираа на онлајн платформата за учење поставена на schools.mk и на само три дена пред официјалниот старт на новата учебна година која во најголем дел ќе се одвива онлајн, истата не функционираше поради серверски проблем односно „падна“.
Според еророт кој подолго време го појавуваше оваа платформа, станува збор за зголемен сообраќај кој серверот најверотно во тој момент не успеал да го издржи и поради тоа беше оневозможена конекција до базата на податоци.
Од министерството викендов до сите ученици испратија кориснички и миња и лозинки за приклучување кон платформата која овие денови треба да се тестира пред официјалниот старт на учебната година на 1 октомври, а денеска по објавата во медиумите оттаму реагираа дека се вршело тестирање на платформата и поради тоа во одредени интервали истата не функционирала.
учениците од 1 до 3 одделение ќе посетуваат настава со физичко присуство додека останатите ќе учат од дома. Владата денеска соопшти дека е приширената листата на училишта кои може да организираат настава со физичко присуство за ученици над 4 одделение. Шест члена комисија по разгледување на сите пристигнати барања, одлуши да даде согласност настава со физично присуство да се организира во 223 основни училишта, едно државно училиште за ученици со посебни потреби и едно државно музичко училиште.
За децата коишто немаат уреди за онлајн следење, ќе се емитуваат 15-минутни часови на телевизија преку националниот сервис, а ќе се доставуваат и печатени материјали и наставниците да бидат во постојана комуникација со нив за да го следат напредокот во учењето.