На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19.