Британка која работи во продавница за секс-кукли, открива дека за време на пандемијава, побарувачката за секс-играчки наменети за понежниот пол, има драстично зголемување.

Како што објавува „Дејли меил“, некои од машките секс-кукли чинат и до 8.000 фунти, а можат и да се движат, да зборуваат и да реагираат на одредени ситуации… И, од сѐ тоа, Џејд Стенли од градот Бромсгроув, Англија, има корист во однос на нејзиниот бизнис.

– Секојпат кога ќе се воведат нови мерки ограничувања, јас забележувам скок на продажбата, вели г-ѓа Стенли.

И, ако пред пандемијата нејзините клиенти се сосредоточуваа главно на кукли со женски лик, сега сѐ побарани се оние во облик на маж или трансродова личност.

Британката е убедена дека нејзините кукли не секогаш се користат само како секс-играчки. Според неа, многу клиенти ги третираат и како пријатели или како „домашни миленици“… – Други пак, ги купуваат како украси и ги сместуваат во фотеља или на креветот.


Администратор
02/10/2020 11:44