Универзитетскиот професор Орце Симов, вели дека крахот на националната платформа не треба да биде изненадување оти не се обезбедија доволно ресурси за таа да се користи, како кај наставниците во училиштата, така и за децата кај кои голем дел немаат ниту компјутери.
-Треба да се обезбедат доволно интернет ресурси кои ќе овозможат трансфер на податоците кои ќе бидат генерирани кон сите учесници во процесот. Голем проблем е интернет капацитетот во училиштата, доколку во едно училиште 60 наставници во паралела треба да предавааат и предавањата бидат преку видео за да учениците можат да гледаат а за едно предавање во просек е потребно 0,5 мегабита во секунда вкупниот аплинг треба да биде 30 мегабита во секунда училиштата не располагаат со таков интернет. И компјутерската опрема и опрема за видео и аудио снимање е најважна, која треба да ја користат наставниците на предавањата – таква опрема треба да има секој наставник.Тука се вбројува и опремата која треба да ја има секој ученик за да може да ја следи онлајн наставата.Во моментот на лагер во компјутерските компании многу тешко може да се најде лаптоп на лагер, вели професорот Симов за Алфа.
За колку ученици ќе биде несреќна оваа учебна година и како ним ќе им се надомести изгубеното, до овој момент објаснување нема.