Мајкрософт тимс не може да биде замена за националната платформа, вели експертот за методика во онлајн настава Николче Шулевски. Тој смета дека итно треба да се „оживее“ платформата.
-Мајкрософт тимс е софтвер за аудио и видео комуникација со учениците.Каде што нуди дополнителни алатки како што се прикажување на бела табла и служи за комуникација со улениците. Додека платформата е место каде што учениците се групирани во класови, таму учениците се поделени и во предмети…и по тие предмети преку поставените материјали што ќе ги имаат од страна на наставниците ученикот ќе учи чита пишува и вежба – вели Шулевски за Алфа.
Според познавачите од Понеделник учениците и наставниците ќе се соочат со многу повеќе предизвици бидејќи онлајн наставата ќе треба да ја следат поголем број на корисници во подолг временски период од денот.