Откако загина татко ми, со години останав заборавен од системот, собирав пластика за да преживеам, раскажува Зоран Спировски, синот на загинатиот возач на поранешниот претседател Киро Глигоров. Атентатот се случи пред 25 години, требаше да биде убиен тогашниот претседател, но беше само тешко повреден, додека неговиот возач загина.

- За сплет на околностите, татко ми загина иако атентатот беше наменет за претседателот. Имав некое чудно претчувство дека нешто лошо ќе се случи. Кога дојдов на местото на настанот не ми се веруваше, точно 9 часот и 46 минути како што ми соопштија, јас стигнав подоцна дека мојот татко има загинато на ова место тука, меѓутоа заборавен од државата по цели 25 години. Веќе вознемирен сум.. вели Спировски за Алфа.

Животот и понатаму си поигрува со него, вели тој. Живее во долгови, грижи, а неодамна одвај успеал да добие професорска работа, која како што вели, служи за отплаќање на долговите кои се собрале додека одвај врзувал крај со крај.