По жестоките реакции во јавноста за гужвите и непочитување на протоколите во кафулето „Мош“ на мини концертот на Владо Георгиев и откако директорот на пазарниот инспекторат за дел од медиумите изјавил дека е издадено решение за затворање на ексклузивниот ланч бар „Мош“ уште минатата недела, а од синоќа има и кривична пријава, сепак сето тоа не беше доволно, забавата да продолжи и вечерва.
Исто како и синоќа, има гласна музика, турканица од гости без маски, без физичка дистанца и апсолутно без никакво почитување на мерките и на препораките за ковид-19.
Како што пренесе пак, Телевизија 21 „Мош' ќе биде затворен следната недела, бидејќи инспекторот кој го работел овој случај е изолиран.