Во галеријата „КО-РА“ – нов салон, во Домот на градежниците, во Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата на Марија Рашковиќ насловена „Портата на животот“.

Ова е трета самостојна изложба на Рашковиќ, по учеството на голем број групни изложби во земјата и во странство.

Рашкиовиќ е родена во Скопје во 1978 година. Магистрирала на Националната ликовна академија во Софија со специјалност проектант, дизајнер на ликовно просторно уредување. Во тек е нејзината подготовка на докторската дисертација.

Таа има реализирано голем број на проекти од внатрешниот дизајн и учество на повеќе семинари и работилници во областа на дизајнот во земјата и станство.

Од 2004 година е членка на Меѓународниот комитет на музеите (ИКОМ), а од 2006 година е професор по дизајн на ентериер, мебел и индустриски производи и типографија во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје.