Откако музичарите и угостителите најавија протест за во среда, поради одлуката на Владата за воведување на рестриктивни мерки за оваа услужна дејност, по викенд забавите со српските пеачи на кои не се почитуваа мерките против Ковид-19 со свој коментар излезе и министерот за здравство венко Филипче.

Тој во гостување на Телевизија 24, иронично ги повика музичарите и угостителите да протестираат пред инфективна клиника.

- Нека дојдат да протестираат пред клиниката за инфективна болести каде што се лекуваат луѓето кои се заразиле на многу настани каде што тие мерки не се почитувале, па да видиме дали тоа таму ќе го направат, истакна министерот за здравство.

Оваа негова изјава наиде на остра критика кај угостителите и пред се кај музичарите кои преку социјалните мрежи го прашаа дали ако музичарите се свадбари (алудирајќи на споменатите настани) тогаш хирурзите се касапи?