Изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дадена во интервјуто на Телевизија 24 во која иронично ги повика музичарите и угостителите да протестираат пред инфективната клиника, наиде на жестоки реакции кај припадниците на оваа фела но и на социјалните мрежи.

Еден од многуте кои реагираа на оваа изјава е и тапанарот Златко Михајловски Бумбар, кој на својот фејсбук профил го праша министерот Филипче дали ако музичарите се свадбари значи дека хирурзите се касапи?

- "Почитуван" министре, после ваква изјава во најмала рака се очекува оставка, повлекување од јавноста и наведната глава! На кого тоа вие му се обраќате? Дали воопшто знаете што е тоа музичар? Најверојатно не, според вашите изјави дека никогаш не сте посетиле музички настан. Со ваква безобразна изјава не само што ги ставате сите музичари во ист кош туку и паушално ги посочувате како виновници за нечија болест, а при тоа велите се заразиле "најверојатно" на нашите "свадби"!?!?! А како тоа се заразиле луѓе на свадби, нели се забранети свадби, нели сте министер во владата која што треба да ги спроведува законите,мерките и останатите ваши повраќаници? Ако не сте информиран мизичар е и Влатко Стефановски, и Тоше Проески, и Симон Трпчевски..... Ако се музичарите свадбари тогаш што сте вие хирурзите, касапи??? Едно време дури и ве ценев како разумен човек....моја грешка, пишува на својот профил тапанарот Златко Бумбар Михајловски.