Ирена Стефоска, министерката за култура во наредните денови ќе биде во самоизолација поради контакт со позитивен вработен од нејзиниот кабинет.

– Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на ковид- тестот, чиј што термин се определува согласно здравствените протоколи. Целиот изминат период доследно ги почитувавме заштитните мерки. Јас, сите вработени и соработници кои влегуваат во Министерството носиме заштитна опрема и одржуваме соодветно растојание. Се надевам дека сите ќе останеме во добро здравје и дека набрзо ќе може да се вратиме на своите работни места – вели Стефоска на социјалните мрежи