Откако на социјалните мрежи беше објавено дека пациент позитивен на Ковид-19 синојќа избегал од Градската општа болница „8 Септември“, Директорот на болницата д-р Христијан Костов го потврди инцидентот.
Се работи за бездомно лице од Куманово кое откако било потврдено дека е позитивно на вирусот, избегало од болницата.
Од таму веднаш го пријавиле случајот во полиција и пациентот бил вратен во ковид-центарот уште во текот на ноќта.
Како што пренесоа медиумите, пациентот се лекувал една недела а синојќа околу 21:30 тој успеал да украде бел мантил и маскиран како доктор успеал да избега од болницата.
Полицијата го вратила во болницата два часа по полноќ.