На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти од кои на кислородна поддршка се 48 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и една мајка позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се шест деца и шест мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири пациенти. Вкупно хоспитализирани се 37 пациенти од кои на респиратор се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на Ковид-19.