Васко Кичевски, директорот на Паркинзи на општина Центар на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот и дека веќе се наоѓа во самоизолација.
Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, утрово добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. ѓ
Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во опасност. Чувајте се, пишува на неговиот фејсбук профил директорот на Паркинзи Центар.