Ненад Лазаров, докторот по општа медицина кој во јавноста ги обелодени отказите на медицинските сестри на клиниката за инфективни и фебрилни состојби, на својот фејсбук профил пишува дека истите тие сестри откако беа примени кај „загрижениот“ Филипче биле разрешени од нивните позиции.
- Инаку, медицинските сестри што дадоа отказ од Инфективна, а кои експресно ги прими загрижениот министер другиот ден, експресно и се разрешени од местата одделенска т. е. главна сестра после состанокот, вели Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на својот профил на Фејсбук.