Воопшто не би требало да не чуди ако бројките на новозаразени се искачат и над 1.000 случаи на дневно ниво, вели докторот Никола Пановски.
Ваквата констатaција тој ја темели според досега рекордната бројка на нови случаи на Ковид-19 и викенд забавите за kои јавноста беше сведок дека ниту еден од протоколите не беше испочитуван.
- Рекордов ќе трае кратко. Брзо ќе биде соборен бидејќи по мене овие се некаде од петок-сабота. Сега ќе дојдат од сабота вечер – недела. Тие се тие денови на инкубација. Се јавуваат нови случаи. Па ќе дојдат случаи каде овие ги заразиле дома. Тоа ќе се шири. Ова е сериозен проблем и треба сите да се вклучат и власт и опозиција и верски лидери и доктори да ги убедат граѓаните да ги почитуваат мерките. Веќе ќе колабираме, и здравствено и економски, вели Пановски