Преку магијата на звукот на кавалот, тамбурата, тапанот, кларинетот, гајдата, хармониката денеска во 17:30 часот, започнува „Етно приказна“ – фестивал и натпревар на класични и народни имнструменти.
– Со нашата приказна која трае три дена, ја продолжуваме традицијата која како аманет е оставена од нашите предци за идните наши поколенија. Во услови на пандемија, ние ги почитуваме и применуваме сите заштитни мерки и ве очекуваме со посебни протоколи на ревијалната вечер, соопшти ДКЦ Карпош.