Утрово во медиумите со брзина на светлината се појави информација дека на youtube канал именуван како Fenix A1 се објавени две аудио разговори од таканаречените „бомби“ кои претседателот на СДСМ Зоран Заев тогаш ги користеше да дојде на власт.
Во еден од аудио разговорите објавени на социјалните платформи, во главни улоги се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски кои разговараат околу сметките на А1 Телевизија и пропусти во постапката, додека во другиот аудио разговор разговараат новинарот Драган Павловиќ-Латас и поранешниот директор на УЈП Горан Трајковски исто така за затварањето на А1 Телевизија.
Медиумите блиски до власта, со сензационалам известија за овие разговори.
Се поставува прашањето, кој ги поседува овие аудио материјали ако се знае дека премиерот Зоран Заев јавно истакнуваше дека сите материјали ги има предадено во СЈО и се поставува прашањето зошто токму денес, односно од нигде-никаде, истите се објавуваат на социјалните мрежи.
Веројатно одговорот може да се бара во потребата на власта од дефокус на јавноста од не толку добриот Извештај од Европската комисија и фијаското кое го доживуваат во справувањето со Ковид кризата како и секојдневните проблеми со образовниот систем и немањето капацитет за решавање на проблемите.