Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, вчера во Скопје на новинарско прашање дали треба да се преговара за идентитетот со Бугарија како услов за старт на преговорите со ЕУ, јасно порача дека „мора да најдеме решение и да се договориме“ со источниот сосед. Дел од експертите сметаат дека не сме на добар пат судејќи според пораките од официјална Софија.
-Имајќи ги предвид измешаните пораки што ги добиваме од Бугарија во последниот период, не би бил оптимист дека сме на добар пат, вели за Алфа, универзитетскиот професор Васко Наумовски.
Еден од начините за евентуален договор е дневната политика да се тргне од работата на историчарите смета тој.
Што се однесува до пораките во Извештајот за напредокот на Македонија, Наумовски вели дека се нагласени позитивни работи, но сепак остануваат дузина области каде што е потребно подобрување. Оваа година како континуитет на претходните се напоменти потребата за натамошна борба против корупцијата,заокружување на реформите во правосудството, како и реформата на јавната администрација, додава Наумовски.