Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека ќе се воведат нови рестриктивни мерки пред есенскиот бран на коронавирусот.
Новите забрани се однесуваат на забрана за семејни прослави, слави и домашни забави односно дозволено е само лицата кои живеат на иста адреса плус 4 луѓе, групирање на јавен простор после 22:00 часот на повеќе од 4 луѓе (паркови, бензиски пумпи) како и задолжително носење на заштитна маска на отворено, на затворено и во јавен и приватен транспорт, во угостителски престој, во работни простории и канцеларии....