Музичарот Џон Илија Апелгрин на својот фејсбук профил сподели слика а на која е сликан директорот на Здравствен дом Скопје и член на комисијата за заразни болести др. Виктор Исјановски на забава во локалот „Мош“ на концерт на Сергеј Четковиќ.

- Господинот на фотографијата е членот на комисијата која одлучува да се забранат настапи на музичари низ угостителски објекти. Дали мерките се донесени откако омилениот пејач на дотичниов гостувал, а за домашните дека имаат потреба од настани: „според епидемиолошката слика не е време сега“? Дали протоколите важат и за членовите на комисијата?, пишува Апелгрин.