Импотенцијата на испекторите, и никаквата или симболична контрола доведе до потребата да „гаснеме пожар“ заради новите рекордни занолени на дневно ниво, вели за Алфа епидемиолог Драган Даниловски. Според него треба да се размисли за полициски час после 22 часот.

-Каде е контролата, никаква беше досега..или симболична. Инспекциите се импотентни. Немале ингеренции да интервенираат на лице место. А требаше превентивно да патролираат и да дејствуваат да се грижат и да казнуваат за непочитување на протоколите. Воошто не требаше да се дозволи ваков скок како сега. Сега ќе гасиме непотребно разгорен пожар. Треба да се воведат локални рестрикции во форма на полициски час од 22 или 23 часот до утрината до 5.Ако така не се реагира се чини дека ќе ја испуштиме работата и ќе биде доцна, смета д-р Даниловски.