Граѓаните нема да осетат особена корист од мерката „викенд без ДДВ“ сметаат економските експерти. Поточно, тие ќе бидат единствени губитници - нагласуваат.

-Ова е избрзана мерка, популистичка, која во моментот на граѓаните ќе им донесе некаков бенефит, на одредена група на граѓани, но другиот дел нема да осетат особена корист. Дополнително , да не зборувам како тоа ќе се одрази на здравствените протоколи, вели за Алфа консултантот Синиша Пекевски.

На слична линија е и даночниот консултант Павле Гацов.

-Единствени губитници заради ваквата неказнива неажурност на ДДВ обврзниците се граѓаните кои не можат во целост да ги остварат законските права на поврат на ДДВ и како ефект на тоа незаинтересираност за користење на мерка која има системски слабости. Продолжува и примената во пракса на лошо (слабо) отпечатени сметки кои за жал не може да се скенираат. Физичкото одење во УЈП во услови на зголемување на бројот на заразени граѓани и скенирање на тамошните апарати веќе не е опција, вели Гацов.

познавачите предупредуваат дека ќе се зголемела дупката во државната каса, исто како и ризикот од заболување од Ковид-19, особено во затворените трговски центри.