Како понатаму откако е јасно дека докторите и сестрите се преморени, болниците преполни, а инфектолози го напуштаат државниот апарат и заминуваат во приватни болници? Одговор од власта нема. Впрочем дури денеска Владата одлучуваше за мерките што ги предложи Комисијата за заразни болести во четвртокот, а бројките на новозаразени рекордни секој нов ден. Зошто и требаше 5 дена, нема објаснување, додека пораките од директорите на болниците се алармантни:
-Mедицинскот персонал е преморен оваа битка ја водиме од март. Се снаоѓаме со сопствени кадри, што се однесува до докторскиот кадар морам да кажам дека имаме сериозно проблеми. Работиме само со двајца инфектолози.Во комуникација со МЗ разговаравме за овој проблем. Од инстиуциите ни кажаа дека не можат да ни помогнат, вели за Алфа директорот на штипската болница, Ален Ѓеоргиев.
Во меѓувреме владата се откажа од носење маски на отворено и од забрана за собирање дома на слави и родендени, но како се уште се на работа и воопшто се вратени на работа хронично болните?
-Мислам дека е грешка, што хроничните заболувања не се изземени од работните обврски. Тие луѓе се изложени на извонредно голем ризик да завршат смртно и затоа смртноста ни е најголема во Европа според бројот на населението, вели пулмологот Ангелко Ѓорчев.