Од денес дечињата се вратени во градинка, поминат е периодот на изолација, други проблеми немаме. Функционираме нормално, вели Трајчевска.

Во рамките на овој објект во градинката „Астибо“ функционира и сензорната соба, во којашто со децата работи и дефектолог. Потреба за неа минатата година имале 20 деца од општините Штип и Карбинци, инаку денеска ја посетија и Министерот за локална сампоуправа Горан Милевски и в.д градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со група на новинари, кои се во обиколка на проектите во источниот регион, a финансирани од Швајцарската агенција за обнова и развој.