Јавното претпријатие „Комуналец" денеска започна со местење на педала за нога на сите фонтани во Кавадарци, се со цел за рационално користење на водата за пиење.
Долгогодишниот екологист Томе Лисичанец ја поздрави идејата со која се штеди водата за пиење.
-Одамна алармирав на тоа дека ќе дојде време кога токму водата за пиење ќе биде богатство. Постојано апелирам за совесно трошење на водните ресурси. Потсетувам дека водата не мора постојано да тече при бричење, миење заби и слично. Ова е доказ за домаќинско однесување, со тоа што вода од фонтаните нема да тече залудно, туку само кога има потреба, нагласи тој во изјава за МИА.
Лисичанец додаде дека мора да се менуваат лошите навики, за доброто на сите нас и за доброто на животната средина