Oпштинска организација на Црвениот крст во Кичево по повод „Неделата на борба против гладта”, која започна вчера и ќе траее до 22 октомври организира кампања под мотото „Помислете и на нас“.

Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка и поддршка на компании, здруженијата на граѓани и поставање на штанд во дел на маркетите во нашата општина.

–Со кампањата, како и со многу деуги хуманитарни активности, црвениот крст дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата. Средствата кои ќе се соберат ќе бидат наменски за обезбедување на пакети со храна за помош на социјално загрозени семејства во нашата општина. - изјави секретарот Бесник Селими од црвениот крст во Кичево