Инфективното одделение во штипската Клиничка болница е исполнето до последниот кревет. Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека во моментов на Одделението се хоспитализирани 55 пациенти, од речиси сите општини од источниот регион на земјава.

– Почнавме со препраќање на пациентите во кочанската болница, бидејќи кај нас нема слободни болнички кревети. Може да се случи, во текот на овие денови и пациенти од Штип да бидат испратени на болничко лекување во болницата во Кочани, изјави Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека 10 пациенти инфицирани со коронавирусот се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка