Вчера, на 21.10.2020 година(среда) се одржа изборното Собрание на Асоцијација на Архитекти на Македонија(ААМ), на кое беше избрано ново раководство.Согласно меркитепропишани од надлежните Институции и Органи на Република Македонија, за одржување на ваков тип настани во време на Ковид-19,Собранието се одржа на отворен простор, во дворот на Архитектонски факултет - Скопје.

За нов Претседателна Управниот Одбор на ААМ беше избран проф. д-р Мишко Ралев, Архитект и актуелен Декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје.

За Претседател на Собранието на ААМ беше избрана Искра Јанковска Михајловска, Архитект од Скопје.

За Членови на Управниот Одбор наAAMсе избрани архитектите:Александар Радевски, Иван Арсовски, Бесиан Мехмети, Јана Гугулоска-Ѓорѓевиќ, Марта Илиевска и Мартин Деловски. Досегашниот Претседател на У.О., Архитект Мартин Пановски се заблагодари за довербата од членството и потенцираше дека “со голема чест и задоволство ја предавамфункцијата на новиотПретседател, со верба дека и натаму Асоцијацијата ќе биде двигател и промотор на архитектонските вредности во нашата држава“.

“Асоцијацијата на архитекти е здружение кое има суштинско значење, во секоја смисла на зборот и во својот домен на работа е директно поврзано со архитектурата и делата на архитектите. Оттука, како што всушност архитектурата меѓу другото значии поврзување, релација со луѓето и општеството, ќе ни биде од суштинско значење во континуитетот со менаџирањето со ААМ. Или, отворени за јавноста за сè она што значи исполнување на простор во архитектонска смисла е премисата по која ќе одиме напред.

Имаме старо нов Управен одбор, од кој очекувам да продолжи интензивно и посветено да работи на унапредување на контактите и врските со јавноста, со политичкиот естаблишмент, со локалната самоуправа и со надлежните Институции во правец на отвореност за дебата, конструктивност и критики кои се неопходни во донесувањето точни одлуки кои се однесуваат на исполнување на просторот.“, истакна проф. д-р Мишко Ралев, новиот Претседател на У.О. на ААМ.